438
Општина Карпош ги утврдува потенцијалите искористување на сончевата енергија, на општинските објекти, училишта и градинки.
-Имајќи го предвид бројот на сончеви денови, ние сме погодна земја за многу повеќе да ги користиме обновливите извори на енергија. Имав средба со проектен тим на ENVIROS од Словачка. Ја истакнав и потребата од промена на законската регулатива и нејзина хармонизација со европската, во делот на енергетските задруги, каде што граѓаните, заедниците на сопственици ќе можат да се здружат и да произведуваат енергија. Претставниците на ENVIROS се во неколкудневна посета на Карпош. Заедно со Одделението за енергетска ефикасност подготвуваат Општински акциски план за обновлива енергија, велат од општина Карпош.