Карпошовото културно лето е традиционална културна манифестација на општина Карпош, која повеќе години успешно се реализирала во различни формати.Изминативе години, овој настан се организираше во три дена, од причина што и финансиските можности на Карпош се многу поинакви во споредба со минатото, стои во реакцијата на општина Карпош на прес – конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ (Т.Јаревски)
Оттаму додаваат дека во констултциии со граѓаните, како и со општинските служби, скратената програма е поинтересна за жителите и посетеноста на мизичките перформанси.
-Оттука, критиките на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се единствено со политичка заднина. Треба да знаат дека изминатите две културни лета (2018 и 2019 година), општината ангажираше исклучиво македонски изведувачи. Уште пред пандемијата, општина Карпош сѐ одлучи за поголема поддршка на домашната културна сцена и тоа лесно можат да го проверат.
Карпошово културно лето е настан кој не смее да биде сведен на политички препукувања, а програмата да се менува согласно желбите на општинските раководства.
И во минатото, овој културен настан имал добра и богата програма прилагодена за сите генерации. Сепак, треба да се признае дека кога ВМРО – ДПМНЕ ја водеше локалната самоуправа дел од буџетските средства беа трошени и за поддршка на турбо-фолк изведувачи од соседството („журки” кои скапо ги чинеа граѓаните).
Честопати ќе речат дека за „вкусовите не се дискутира”. Затоа, општината пред две години преку мобилната апликација „мЗаедница” ги праша граѓаните кои изведувачи сакаат да ги слушаат и се обезбеди граѓанско учество и во овој проект.
Лани, Културното лето не се организираше заради екот на пандемијата. Оваа година,
општина Карпош веќе се обрати до Комисијата за заразни болести, со цел согласност и насоки за безбедна организација на овој настан, кој би се одржал на крајот на месец август или почетокот на септември.
За овогодишната манифестација предвиден е буџет од 1.500.000,00 денари, а по трет пат, тридневниот настан ќе биде исклучиво со македонски артисти, стои во соопштението.