Општина Кисела Вода додели 53 ваучери за новороденчиња

од Hristina Nikolovska

Општина Кисела Вода на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзината територија им додели нови 53 ваучери.

Ваучерите во висина од 6000 денари, Општината ги доделува со цел на семејствата да им послужат за првичните потреби за децата. Истите денеска ги подели секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски.

Барањата за добивање ваучер потребно е да се поднесат во рок од 90 дена од раѓањето на детето. Со нив треба да се достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциона сметка.

Слични содржини