Општина Кисела Вода соопшти дека хаварисаните возила повеќе нема да го узурпираат јавниот простор

Започна акција за отстранување на хаварисани возила во Кисела Вода

од Nikola Popovski
14 прегледи Фото: Фејсбук/Бети Стаменкоска Трајкоска

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска во објава на социјалните мрежи денеска информираше дека хаварисаните возила во Кисела Вода повеќе нема да го узурпираат јавниот простор!

„Инспекциските служби на Општина Кисела Вода се на терен и започнаа со лепење известувања за отстранување на возилата во неупотреблива состојба. Врз основа на мапирањето направено во соработка со месните заедници, ги лоцираме сите точки каде што овие возила ги блокираат паркинзите, тротоарите и зелените површини“, истакна Стаменкоска Трајкоска.

Таа посочи дека сопствениците имаат рок од 10 дена сами да ги дислоцираат своите возила.

„Ова е неопходно за да го ослободиме просторот за пешаците и да овозможиме нормално движење низ нашите населби. Доколку возилата не бидат отстранети во предвидениот рок, општинските служби ќе изготват решенија за нивно подигнување од страна на колективниот постапувач „Грин Роад“ до собирното место наменето за таа цел“, порача градоначалничката.

Слични содржини