Општина Куманово го демантира Шаќири дека нема аплицирано по јавен повик за финансирање за реконструкција на основни и средни училишта

од Vladimir Zorba

Општина Куманово ги отфрла и демантира обвинувањата од министерот за Образование и Наука, Јетон Шаќири дека Општина Куманово нема аплицирано по јавен повик за финансирање на објекти за изградба, доградба, надградба и реконструкција на основни и средни училишта со Бр. 09-7738/1 од 30.06.2022.

Општина Куманово има аплицирано по јавниот повик и истото е уредно доставено.

Аплицирано е со наш архивски бр. 22-6394/6 од 08.08.2022 година и во прилог на апликацијата е доставена следна документација:

  1. Апликација (барање) за проектот
  2. Основен проект со содржина – предмет пресметка ЦД и одобрение за реконструкција со бр. УП1-21-3865 од 21.09.2022
  3. Основен проект во хартиена форма
  4. Имотен лист од подрачната училишна зграда во с.Агино Село

До Општина Куманово стигна барање од Совет на родители при ООУ “Кирил и Методиј” – с.Романовце, ПУ Агино Село и месна заедница Агино Село со архивски број на училиште 03-119 од 03.07.2023, со наш архивски Бр. 22 5240/1 од 03.07.2023 за најавен бојкот на настава за учебна 2023/2024 година и истото е препратено на министерот Јетон Шаќири со наш арх. Бр. 22 5240/2 од 05.07.2023 и со потсетување од наша страна дека ние како Општина Куманово имаме аплицирано за реконструкција на училишниот објект уште во 2022 година.

До МОН имаме доставено предмет барање информации по јавен повик за изградба, доградба, надградба и реконструкција на основни и средни училишта со бр.22-5279/1 од 05.07.2022. Барањето е доставено за добивање на информација, дали аплицираниот проект е веќе рангиран, односно, дали е извршен негов избор поради начелото на итност на постапката.

До сега немаме добиено никаков одговор, туку само усмени ветувања од министерот Шаќири дека проектот ќе биде реализиран, стои во демантот на Општина Куманово.

Слични содржини