Екипите на општина Центар во текот на изминатиот ден, со специјални возила распрскуваа емулзиона течност низ улиците во Општината, со цел да не замрзнат истите.
Од општината велат дека акцијата за распрскување на улиците е извршена во и околу населбата Водно, населбата Кале и сите потешко пристапни улици во Центар, во пресрет на предупредувањата на УХМР за евентуални врнежи на снег.
Нанесувањето на емулзионата течност, активност која што Општина Центар ја спроведува секоја година, делува превентивно, не дозволува замрзнување на асфалтот при врнежи на снег и на граѓаните им овозможува нормално и непречено движење и одвивање на сообраќајот при зимски услови.
За оваа активност, информираше и градоначалникот, Саша Богдановиќ на својот фејсбук профил.