Општина Центар ќе го раскине договорот за изградба на катна гаража кај „АвтоМакедонија“

од Andreja Salpe

Општина Центар ќе го раскине договорот за изградба на катна гаража кај „АвтоМакедонија“. На почетокот на јули ќе се одржи подготвително рочиште за раскин на договорот поврзан со купопродажба на државно градежно земјиште со јавно наддавање.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, информира дека самиот сопственик на земјиштето поднел барање за раскинување на договорот и дека предметот во моментов се наоѓа во суд.

Земјиштето било оттуѓено примарно од страна на Министерството за транспорт и врски во 2012-та година, за што бил склучен и Договор помеѓу Министерството и НИКОФОН Дооел.

Слични содржини