Општина Центар: ПОЦ ги санкционира сите непрописно паркирани возила на теритоја на општината

од Andreja Salpe
325 прегледи

Општина Центар и јавните претпријатија ПОЦ и Градски Паркинг – Скопје ги санкционираат сите непрописно паркирани возила на територија на општината, соопштија денеска општинските власти.

Поради зголемениот степен на сообраќај во централното градско подрачје, особено во околината на Дебар Маало, од Општината информираат дека екипите на ПОЦ и Градски Паркинг – Скопје се на терен и непречено ја извршуваат својата должност.

Во моментов, како што посочуваат, се одвиваат градежни работи на улицата Орце Николов, кои ги опфаќаат и паркинг местата на истата улица и бројот на паркинг места во овој дел од Центар е намален.

– Општина Центар, ЈП ПОЦ и ЈП Градски Паркинг – Скопје постапуваат навремено, пајак службата е на терен, досега санкционирани се преку 30 возила, се врши увид на лице место и се регулираат сите оние возачи кои не ги почитуваат правилата за паркинг на територија на општината, се наведува во соопштението.

Од Општината апелираат до сите возачи да се придржуваат до пропишаните правилници за паркирање, да не ги прекршуваат законите и да ги почитуваат наложените законски одредби за паркирање, со цел воведување на ред во сообраќајот на територија на Општина Центар, но и во целото централно градско подрачје.

Слични содржини