Општински претставници на Москва и Санкт Петербург бараат оставка од Путин

од Stefanija Kuzmanovska
206 прегледи

Осумнаесет општински претставници на Москва и Санкт Петербург бараат оставка од Путин. Тие потпишаа јавна изјава во која бараат рускиот претседател Владимир Путин да поднесе оставка.

„Ние, општинските претставници на Русија, веруваме дека постапките на претседателот В. Путин ѝ штетат на иднината на Русија и нејзините граѓани. Бараме оставка на Владимир Путин од функцијата претседател на Руската Федерација!“ стои во изјавата.

Масовното незадоволство доаѓа откако беше објавено дека Русите изгубиле голем дел од позициите во Украина, кои ги контролираа со месеци.

Украинскиот претседател синоќа соопшти дека само од почетокот на овој месец, украинската армија повратила 6.000 квадратни километри окупирана територија.

Исто така, украинската страна тврди дека воената команда на Руската Федерација престанала да испраќа нови единици во Украина по драматичната украинска контраофанзива која ја преобликува војната и ја остави Москва раздрмана.

Русија призна дека ги изгубила клучните градови во североисточниот регион Харков. Москва го опишува своето повлекување на војниците од регионот во последните денови како прегрупирање за да се фокусира на регионите Луганск и Доњецк во источна Украина, но тоа тврдење беше исмеано дури и во Русија.

Слични содржини