Орбан: Ако има некој во светот кој може да постигне прекин на огнот во Украина, тоа е Трамп

од Milan1
21 прегледи

Ако има некој во светот кој може да постигне прекин на огнот во Украина, тоа е Доналд Трамп, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Шефот на унгарската влада изрази надеж за победа на кандидатот на Републиканската партија на изборите на 5 ноември.

Како што рече, смета на враќање на поранешниот американски претседател во Белата куќа за да седне со него на преговарачка маса и да најде начини за решавање на конфликтот во Украина.

„Ќе седнам на преговарачка маса со Трамп, а потоа Европејците и Американците ќе можат да направат добар договор и ќе имаме претседател кој се залага за мир, а не за војна, а потоа ќе можеме да ја промениме политиката во Брисел. Знаеме дека додека беше американски претседател, тој никогаш никаде не започна војни, а таму каде што се случија, тој ги прекина што е можно поскоро“, рече Орбан.

Слични содржини