22
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Брисел ја води Европа кон деценија конфликти, „претставувајќи ја Украина како штит што го брани континентот“.
Орбан напиша на Платформа X дека Унгарија би претпочитала да тргне поинаков пат и дека наместо ескалација, повикува на прекин на огнот, мир и безбедност што треба да се постигнат преку преговори.
„Не се гаси оган со истурање масло врз него“, рече Орбан.