465
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, изјави дека Унгарија е подготвена да отвори коридор за мигрантите кои одат во Австрија, Германија, Шведска и цела Западна Европа.
Според него мигрантите „увезуваат“ различни видови на коронавирусот во Европа. Како што појасни, миграциите прават пандемијата да се шири побрзо преку мигрантите, пренесува МТИ.
„Ако ви требаат, земете ги, останува на Унгарците да одлучат кому да му биде дозволен влез во земјата и со кого сакаат да живеат“, изјави Орбан во интервју за унгарското радио.