Растечките цени на нафтата, поттикнати од војната во Иран, ги зголемија цените на дизелот и бензинот во Унгарија, дополнително ги влошува проблемите со кои се соочува Орбан пред парламентарните избори на 12 април, на кои тој ќе се бори да остане на власт по 16 години.
„Украинската блокада на нафтата и војната на Блискиот Исток предизвикуваат зголемување на цените. Европа мора да се соочи со реалноста: мора да ги разгледаме и укинеме сите санкции врз руските енергенси“, напиша Орбан на социјалната мрежа „X“.
Тој додаде дека го свикал состанокот на кабинетот „за да ги заштити унгарските семејства“ од високите цени на горивата и нагласи дека не смее да се дозволи цените на горивата да пораснат „до неподносливо ниво“.
Унгарија се соочува со дополнителен притисок бидејќи испораката на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“ е суспендирана од крајот на јануари, кога, како што тврди Киев, нафтоводот бил оштетен во руски напад. Прекинот резултираше со политички тензии со Киев.