Орбан: ЕУ е на работ на колапс, Западот повеќе не е модел за углед

Унгарија цврсто стои - без мигранти, просемејна, обезбедува можности за оние кои се подготвени да работат“, рече Орбан во објава на платформата X.

од Vladimir Zorba
15 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Европската Унија е на работ на колапс и дека Западот повеќе не е модел за углед, додека Унгарија „цврсто стои“.

„Европската Унија е на работ на колапс, со долгови, миграција, насилство и неуспешни политики насекаде. Унгарија цврсто стои – без мигранти, просемејна, обезбедува можности за оние кои се подготвени да работат“, рече Орбан во објава на платформата X.

Тој рече дека е потребна храброст за да се сфати дека „Западот повеќе не е модел за углед“.