Секоја недела „нè приближува до војна“, а Европа „можеби ги приближува руските сили“ со финансирање на украински напади на руска територија, предупреди денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесува РТВ.
Во интервју за унгарското јавно радио, тој рече дека секоја недела носи нешто „што упатува на влегување во војна“ и како пример ја наведе изјавата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенбег дека Украина, освен самоодбрана, има право на користат оружје донирани од Западот за да ја нападнат Русија.
Тој посочи дека Русија јасно ставила до знаење дека нејзините војници ќе напредуваат додека не ја обезбедат територијата на својата земја и предупреди дека поддршката на Украина во нападите на руска територија „го носи ризикот руските сили да ни се приближат“.
Орбан смета дека европските лидери мора да бидат под притисок да носат одлуки во корист на мирот и дека провоените политичари треба да бидат „избркани“.
„Да преземеме иницијатива и нека има прекин на огнот и преговори пред да се најдеме среде голема европска војна“, рече Орбан.
Тој додаде дека Унгарија не планира повторно да воведе задолжителен воен рок и рече дека Брисел нема да прашува за тоа, бидејќи, како што рече, „неприфатливо е други да носат одлуки за унгарската крв“.