248
Унгарскиот премиер Виктор Орбан присуствувал на видео-конференција пред дводневниот самит на ЕУ во четврток и петок и изразил поддршка за доделување кандидатски статус на Украина и Молдавија, но и повикал да се додели кандидатски статус и на Босна и Херцеговина, информираа од Кабинетот на унгарскиот премиер.
На состанокот со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и премиерите на Белгија, Бугарија, Естонија, Луксембург и Малта, Орбан се согласил со предлогот на ЕУ да се гарантира кандидатски статус за Украина и Молдавија, изјави Барталан Хаваси, шеф на канцеларијата за односи со јавноста на Орбан.
Во исто време, Орбан и неколку други шефови на држави повикале да им се додели ист статус на Грузија и Босна и Херцеговина, истакна Хаваси.