Орбан ги спореди санкциите врз Русија со бомби: Плакати со натпис „Санкциите од Брисел нѐ уништуваат“ низ Унгарија

од Nikola Popovski
120 прегледи

Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан покрена кампања тврдејќи дека санкциите против Русија ја уништуваат Унгарија, по што низ цела Унгарија, на улиците и во јавниот превоз се појавија плакати.

Санкциите визуелно се претставени на плакатите како бомби со натпис „Санкциите од Брисел нѐ уништуваат“.

Да потсетиме, Унгарците пред еден месец отворено кажаа дека се против воведување на нов пакет санкции против Русија.

„Постои јасна слика во светот дека ефектите од санкциите се уште посилни од последиците од војната во Украина“, изјави тогаш министерот за надворешни работи Петер Сијрото.

Слични содржини