Орбан го брани својот хомофобичен закон и тврди: „Јас сум борец за правата на ЛГБТ луѓето!“

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во четвртокот го бранеше законот со кој се забранува промоција на хомосексуалноста и промена на полот во училиштата, велејќи дека тој бил активист за ЛГБТ права.

„Јас сум борец за нивните права. Бев борец за слободата под комунистичкиот режим. Хомосексуалноста се казнуваше и се борев за нивната слобода и нивните права. Затоа, јас ги бранам правата на хомосексуалците, но законот не е за тоа, изјави Орбан пред новинарите по доаѓањето на самитот на европските лидери.

На самитот се очекува да се покрене прашањето за законот на Орбан, кој беше критикуван од повеќе европски земји.

„Не станува збор за хомосексуалци. Законот е за тоа како родителите би сакале сексуално да ги образуваат своите деца. Тој им припаѓа исклучиво на родителите. За тоа станува збор за законот“, рече Орбан и додаде дека не планира да го укине.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, при пристигнувањето на самитот рече дека новиот унгарски закон ќе се дискутира во четврток навечер.

Законот забранува „прикажување и унапредување на родов идентитет различен од полот по раѓање, промена на полот и хомосексуалност“ на возраст под 18 години.

Декларацијата со која се изразува „голема загриженост“ за унгарскиот закон ја потпишаа 17 од 27-те земји-членки на ЕУ.