Идејата Европската Унија да користи замрзнати руски средства, кои претежно се наоѓаат во Брисел, за финансирање на Украина, е мртва бидејќи постои малцинство кое е против тоа, изјави денес унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Орбан, исто така, им повтори на новинарите по пристигнувањето на самитот на ЕУ дека финансирањето на Украина од заеднички заем од ЕУ не е прифатливо за Унгарија, објави Ројтерс.
ЕУ има намера да користи 210 милијарди евра замрзнати руски средства како основа за заем за Украина бидејќи без финансиска помош, Украина ќе остане без пари во вториот квартал од следната година и најверојатно ќе ја изгуби војната од Русија, што предизвикува страв во ЕУ од можна руска агресија врз ЕУ, објави агенцијата.