Орбан: Исламот се самопоканил во Европа

од desk3
86 прегледи

Унгарскиот лидер Виктор Орбан изјави дека исламот не припаѓа духовно на Европа и утврдува правила својствени за друг свет. Оваа изјава Орбан ја даде за германскиот неделник “Фокус”, пренесе Франс прес. Целосниот текст на интервјуто на Орбан пред германското издание ќе бидат објавено утре.

0000279924-article2

Исламот никогаш не бил дел од Европа, тој се самопоканил во Европа, вели Орбан и ја истакнува заштитата на културните европски вредности како мотив за противење на приемот во ЕУ на стотици илјади кандидати за азил, кои дошле од поголемиот дел од муслиманските земји.

Унгарскиот премиер признава сепак, дека турските работници кои дошле во Германија, во 60-тите и 70-тите години на минатиот век, за да помогнат во германската економија, припаѓале на историјата на Германија и следствено на Европа.

“Но на духовен план исламот не припаѓа на Европа. Исламот е збир на правила од еден друг свет”, посочува Орбан. Тој се жали дека не може да изрази какво и да е сомнение пред Германија и Франција во врска со можноста за постоење на мултикултурното општество во Европа.

“Ние во Унгарија решаваме сами дали сакаме или не такво општество. Ние не го сакаме”, дополнува Орбан.

Унгарскиот премиер кој секогаш ги дефинирал мигрантите кои доаѓаат со илјадници секој ден во Европа, како обични економски бегалци, не верува дека целиот свет има право да живее во Германија или во Унгарија. Имаат право да живеат таму само оние кои работеле за тоа, наведува Орбан.

Во Унгарија оваа година поминаа 300 000 мигранти. На крајот на септември Орбан се изјасни во ОН за систем за светски бегалски квоти, за да се распредели миграциската тежина во целиот свет, а не само во Европа.