Орбан испрати 12 барања до ЕУ: „Украина не треба да биде членка на Унијата“

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати 12 барања до ЕУ, наведувајќи дека унгарскиот народ сака мир, слобода и хармонија и дека Украина не треба да биде членка на Унијата.

Орбан на социјалните мрежи напиша дека Унгарија, меѓу другото, бара од Брисел еднаквост пред законот за сите земји-членки, како и дека сите земји-членки можат да го заштитат својот национален суверенитет и права.

Унгарскиот премиер посочува и дека агентите на американскиот бизнисмен Џорџ Сорос треба да бидат исфрлени од Европската комисија, како и „корумпираните лобисти“ од Европскиот парламент.

Слични содржини