Орбан ја прими кинеската вакцина (ФОТО)

од Nikola Popovski
286 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја примил вакцината против коронавирус, што ја изработила кинеската компанија „Синофарм“.

„Вакциниран“, објави Орбан на својот Фејсбук профил, заедно со фотографии на кои се гледа како прима вакцина.

Унгарија е првата земја во Европската унија што започна со вакцинација со кинеската вакцина Синофарм против коронавирус, а претходно започна и вакцинацијата со руската вакцина Спутник V.

Двете вакцини не се одобрени во ЕУ.

Унгарија во јануари објави дека постигнала договор за набавка на пет милиони дози вакцини од Синофарм, а првите 550.000 дози пристигнле во Будимпешта минатата недела.

Слични содржини