Орбан: Ќе почнеме со вакцинирање на лекарите на крајот на месецот

од Vladimir Zorba
172 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека вакцинацијата во неговата земја ќе започне на 27 или 28 декември, во согласност со планот на Европската унија да доставува вакцини до земјите-членки и дека 35.000 здравствени работници први ќе ја примат.

Вакцинацијата ќе започне со здравствени работници во главниот град Будимпешта, а потоа ќе им биде дадена на медицински лица во регионалните болници, изјави Орбан за државното радио.

Тој изјави дека вакцината ќе биде бесплатна и доброволна и ги повика здравствените работници да се вакцинираат.

Програмата за масовна вакцинација на земјата се очекува да започне на почетокот на следната година.

Унгарија забележа 2.428 нови инфекции со коронавирус во претходните 24 часа и 187 смртни случаи.

Во земја со скоро 10 милиони жители, вкупно 295.977 лица биле заразени со вирусот корона, а 7.725 починале.

Слични содржини