Орбан ќе ѝ помогне на Република Српска со 100 милиони евра

од Nikola Popovski
260 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Србија и Република Српска се „клучот за стабилноста на Западен Балкан“ и порача дека Унгарија ќе ѝ помогне на Република Српска со 100 милиони евра.

Орбан ја повика германската влада да го интегрира регионот во ЕУ, а не да го казнува бидејќи, како што предупреди, тоа може да доведе до поголеми проблеми.

Тој нагласи дека границата на БиХ е оддалечена само 70 до 80 километри од јужната граница на Унгарија и дека секој конфликт може да се прелее и на Унгарија.

Тој повтори дека ќе ги блокира сите обиди на ЕУ да воведе санкции за српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Орбан објасни дека Владата на Унгарија обезбедува 100 милиони евра финансиска помош за Српска во рамките на унгарската одговорна соседска политика за зајакнување на стабилноста во регионот. Според „РТРС“, парите се наменети за малите и средни претпријатија во Република Српска.

Унгарскиот премиер рече дека Додик е демократски избран политичар и ги предупреди западните сили дека потег како што е ставањето на Додик на маргините би бил опасен.

За време на неодамнешната посета на Орбан на Република Српска, беше договорено да се формира Унгарски фонд во Српска, кој ќе има на располагање околу 100 милиони евра грантови.

Слични содржини