Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека секој што ја поддржува Украина, поддржува војна.
„Ако ставите пиштол на маса, порано или подоцна ќе пукне. Европа се движи кон ситуација што значи војна“, изјави Орбан за Радио Кошут, додавајќи дека нема воено решение за конфликтот и дека војната може да биде „замрзната“ со голема загуба на животи, објави Hirado.hu.
„Значи, секој што мисли дека може да ја добие оваа војна воено, мислам дека оние што мислат така грешат. Ова ќе резултира со замрзната ситуација во која постојано се водат војни, се губат многу животи“, рече тој.
Орбан нагласи дека Унгарија мора да се залага за мир и дека во овој момент не може да влијае на одлуките на големите европски сили, но може да „го истражи процесот“ и да обезбеди мир во земјата.
Тој исто така изјави дека сите оние кои ја поддржуваат војната мора да бидат подготвени да ги зголемат даноците, бидејќи финансирањето на Украина од други извори не е изводливо.