Унгарскиот премиер Виктор Орбан даде лоша оценка за актуелната ситуација во ЕУ, пред да замине од Будимпешта на годишниот самит на блокот во Брисел, велејќи дека во Унијата не владее ниту мир, ниту просперитет.
„Европската унија е основана за две цели. Прво, заради мирот, а сега таму беснее војна. Второ, поради просперитетот, а економијата сега се повеќе и повеќе е тема на загриженост“, напиша Орбан на Фејсбук страницата на унгарската влада.
На дводневниот самит што започнува денеска, лидерите на ЕУ планираат да разговараат за обидот за вооружен бунт во Русија и за воениот конфликт во Украина, за натамошната поддршка за Киев и за легално користење на замрзнатите средства на Русија.
На дневен ред ќе бидат и односите на блокот со Кина и регулирањето на мигрантските текови од Азија и Африка, пишува ТАСС.