225
Премиерот на Унгарија Виктор Орбан оцени дека е многу мудра одлука да се поврзат кинеската и европската економија.
Говорејќи пред новинарите за време на возењето со брз воз од Белград до Нови Сад, на прашањето за можните последици од украинската криза, Орбан рече дека оваа брза железница е важна во овој момент, бидејќи ги поврзува истокот и западот.
Тој посочи дека поради проблемите во Украина расте значењето на оваа железница, но и соработката со Кина.