Орбан: На ​​Украина треба да и се испорача мир, а не оружје

од Vladimir Zorba
354 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека на Украина и треба мир, а не оружје.

„Позицијата на Унгарија што ќе ја застапуваме е непроменета. На Украина треба да и се испорача мир, а не оружје“, порача Орбан на Фејсбук во видео-обраќање од Вилнус, каде што се одржува дводневниот самит на НАТО, пренесува МТИ.

Тој повика на прекин на огнот и итен почеток на мировните преговори, наведувајќи дека десетици илјади Унгарци се во непосредна опасност.

Слични содржини