Орбан: Нема да подлегнам на провокациите на Зеленски

од Vladimir Zorba
56 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан одговарајќи на навредите на Владимир Зеленски рече дека нема да подлегне на провокации, а предлогот за Божиќен прекин на огнот се уште важи и самиот Зеленски мора да преземе одговорност дали ќе го прифати или не.

– Нема да одговараме на никакви провокации. На маса е предлогот за прекин на огнот. Земете го или оставете го. Ваша одговорност е – напиша Орбан на социјалната мрежа Икс, одговарајќи на изјавата на Зеленски објавена од украинските медиуми.

Во вторникот Зеленски повторно се обиде да го понижи унгарскиот премиер Виктор Орбан, велејќи дека нема да му дозволи да посредува во преговорите за решавање на конфликтот во Украина.

Слични содржини