124
„Здравиот разум налага дека не може да има победници во војната во Украина и затоа мора итно да се договори прекин на огнот“, изјави денес унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
Орбан изјави за државното радио дека е тешко да се согледа целта на војната во Украина, бидејќи завојуваните страни прокламирале различни цели на војната во различни периоди.
„Лесно е да го изгубите патот во таква ситуација бидејќи нема референтна точка за вашите одлуки“, рече Орбан, пренесе МТИ.