Орбан: Нема прифатлив компромис за ембаргото на ЕУ за руската нафта

од Nikola Popovski
247 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека нема „прифатлив компромис“ за ембаргото на Европската унија (ЕУ) за руската нафта, барајќи „гаранции“ за снабдување на Унгарија.

„Засега воопшто нема компромис“, изјави Орбан за новинарите по учеството на самитот на ЕУ посветен на војната во Украина и санкциите на ЕУ против Русија.

Ембаргото на руската нафта, како дел од шестиот пакет санкции против Русија поради агресијата врз Украина, со недели се разговара на ниво на ЕУ, бидејќи неколку земји бараат изземање, а најсилна позиција има Унгарија.

Орбан ја обвини Европската комисија дека не постигнала договор за шестиот пакет санкции, наведувајќи дека дала предлог за ембарго на руската нафта без да даде одговор на прашањето за безбедноста на снабдувањето со енергија на Унгарија.

Слични содржини