Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денеска изјави дека новите ветрови на меѓународната политика даваат надеж дека политичките напади врз претседателот на Република Српска, Милорад Додик, конечно можат да бидат запрени.
„Задоволство ми беше да го пречекам претседателот на Република Српска во Унгарија“, напиша Орбан на платформата Х.
Позицијата на Унгарија отсекогаш била иста, рече Орбан, додавајќи дека на Балканот му е потребна стабилност.
„Токму тоа го ставаше претседателот на Република Српска на маса во изминатите неколку години – стабилна и просперитетна Република Српска. Нема потреба да го казнуваме поради тоа. Време е да разговараме со избраните лидери на Западен Балкан, а не за нив“, рече Орбан, по денешниот разговор со претседателот на Република Српска во Будимпешта.