Владата на премиерот Виктор Орбан предложи да помогне во враќање на мигрантите на кои им бил одбиен статус на бегалци од други европски држави, назад во Турција или Грција.

Viktor Orban

“Ако е потребно, ние сме подготвени да дозволиме во возови кои превезуваат илегални мигранти од Западот до Грција или Турција, да поминат низ нашата територија. Ние дури можеме да понудиме унгарски возови “, рече министерот за внатрешни работи на Унгарија, по состанокот со својот српски колега Небојша Стефановиќ.

Двајцата го посетија контролниот пункт на српско-унгарската граница. Тој беше арена на жестоки судири меѓу мигрантите и унгарската полиција на 16 септември, ден откако Будимпешта подигна ограда на границата со Србија.

Во средината на октомври унгарската влада ја затвори и границата со Хрватска, пренасочувајќи го протокот на мигранти кон соседна Словенија. Повеќе од половина милион луѓе од Сирија, Ирак, Авганистан, како и од земјите од Азија и Африка поминале низ Средоземното Море, во обид да стигнат до Европа.

Голем дел од мигрантите пристигнуваат од Турција во Грција, која одбива да ги регистрира. Наместо тоа, властите во Атина организирано ги транспортираат мигрантите до северната граница, од каде тие одат по т.н. “Западен рута” низ Македонија, Србија и Хрватска тргнуваат за Европа.

Слични содржини