Унгарскиот премиер Виктор Орбан му кажал на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека унгарската влада го поддржува членството на Шведска во Алијансата, објави Орбан на мрежата X.
Орбан додаде дека во телефонскиот разговор му порачал на Столтенберг дека ќе продолжи да го повикува унгарското национално собрание да гласа за влез на Шведска во НАТО и да ја заврши ратификацијата во првата можна прилика.
Just finished a phone call with @NATO Secretary General @jensstoltenberg. I reaffirmed that the Hungarian government supports the NATO-membership of #Sweden. I also stressed that we will continue to urge the Hungarian National Assembly to vote in favor of Sweden’s accession and…
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) January 24, 2024
„Добар разговор со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Ја поздравувам јасната поддршка на премиерот и неговата влада за членството на Шведска во НАТО. Со нетрпение очекувам да се ратификува веднаш штом парламентот повторно ќе се состане“, напиша генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на Х.
Good call with @PM_ViktorOrban of #Hungary. I welcome the clear support of the Prime Minister and his government for #Sweden’s #NATO membership. I look forward to the ratification as soon as parliament reconvenes.
— Jens Stoltenberg (@jensstoltenberg) January 24, 2024
Потсетуваме, турскиот парламент вчера го даде долгоочекуваното одобрение за членство на Шведска во НАТО, со што оваа нордиска земја значително се приближи до зачленување во западната воена алијанса откако со месеци беше во неизвесност.
Три месеци откако претседателот Реџеп Тајип Ердоган поднесе предлог-закон до парламентот за одобрување на членството, пратениците доцна синоќа гласаа за негова ратификација.
Се очекува турскиот претседател да го потпише законот во наредните денови.
Одобрувањето на Турција ја остава Унгарија како единствена земја која сè уште не го ратификувала членството на Шведска.
Шведска поднесе барање за членство во НАТО во мај 2022 година, во исто време со Финска. Тоа беше историска промена во шведската безбедносна политика, која беше предизвикана од руската агресија врз Украина во февруари истата година.