Орбан: Русија нема сила за глобална војна, Европа треба да биде посилна

од Марта Пешевска
20 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека конфликтот во Украина нема да прерасне во светска војна, бидејќи Русија нема доволно моќ за тоа. Тој нагласи дека Русија не успева да ја совлада Украина, па нема ни да се осмели да нападне членки на НАТО.

Орбан истакна дека најпрво е неопходно да се постигне прекин на огнот, а потоа да се преговара за траен мир. Според него, ваков договор треба да го направат Русија и САД, а не Украина и Русија. Тој повтори дека членството на Украина во НАТО и Европската Унија не е во интерес на Унгарија.

Премиерот повика на обединување и зајакнување на Европа, која треба да преговара од позиција на сила. Орбан додаде дека Европа сега е слаба и ѝ треба поддршка од САД, но само силна Европа може да склучи стратешки договор со Русија.

Тој изрази желба за дијалог со рускиот претседател Владимир Путин и понуди да го пречека во Будимпешта. Во врска со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Орбан рече дека Трамп не е „месија“, но дека може да се најде договор и со него, иако тоа нема да биде лесно.

Орбан ги критикува продажбата на оружје и санкциите против Русија, предупредувајќи дека тие негативно влијаат на европската, па и на унгарската економија. Тој нагласи дека е против членството на Украина во Европската Унија и е подготвен да го блокира тој процес заради заштита на националните интереси на Унгарија.