Орбан: Сакаме да ги одржиме врските со Русија, но се сомневам дека тоа ќе биде можно

од Stefanija Kuzmanovska
248 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарија е заинтересирана за одржување на врските со Русија, но додаде дека се сомнева дека тоа ќе биде можно во иднина.

„Продолжувањето на односите меѓу ЕУ и Русија е остварливо, но далеку од реалноста. Затоа е потребно да се размислува за тоа какви односи треба да се градат и одржуваат со Русија во надворешната и економската политика во следните десет до петнаесет години. Очигледно е дека во наш интерес е од повеќе причини да ги одржуваме односите со Русија што е можно подолго“, истакна Орбан на економскиот форум во Будимпешта.

Тој посочи дека енергијата во моментов предизвикува најголема загриженост за Унгарија, бидејќи поевтината руска енергија долго време е основата на економскиот напредок на ЕУ.

„Ако погледнеме што се случува сега, ќе видиме дека првиот чекор е одвојување на европската економија од руската. Во исто време, суровините и енергијата се уште се неопходни, но сега доаѓаат од друго место. Затоа, една зависност полека, но сигурно се менува во друга“, додаде Орбан.

Унгарскиот премиер на почетокот на годината изјави дека Европа веќе е во загуба поради војната во Украина бидејќи одбива да увезува руска енергија, пишува „Индекс“.

Слични содржини