Унгарскиот премиер Виктор Орбан се најде на удар на критики затоа што отишол на фудбалски натпревар носејќи шал со карта на „Голема Унгарија“.
По бројните реакции од Европа, тој објави кратка порака на Фејсбук.
– Фудбалот не е политика. Да не гледаме нешто што го нема. Унгарската репрезентација е тим на сите Унгарци, без разлика каде живеат – рече тој.