Орбан: Унгарија е прва во Европа што ќе се врати во нормала

од Nikola Popovski
151 прегледи

Унгарија е можеби првата европска земја што се врати во „нормалниот живот“ по пандемијата на коронавирус, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

– Сепак, пандемијата сè уште не е завршена – предупредил Орбан при гостувањето на државното радио Косут и ги повикал Унгарците да ги почитуваат мерките „неопходни за безбеден живот“, пренесува унгарската агенција МТИ.

Досега, рече тој, 4.483.598 лица се вакцинирани во Унгарија, а земјата може да ја премине границата од пет милиони до крајот на мај. Потоа, како што рече, може да бидат укинати ограничувањата во врска со свадби и други настани, како и полицискиот час, кој во моментов е во сила од полноќ до пет часот наутро.

Орбан исто така ја нападна опозицијата за „патетичен неуспех на фронтот на пандемијата“, изјавувајќи дека заштитата е национална цел.

– Обидот да ги одвратите луѓето од земање вакцина или да ширите недоверба кон одредени производи е повеќе од обична грешка – заклучил унгарскиот премиер.

Слични содржини