Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека постои врска помеѓу миграцијата и нападите како оној на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург.
– Мора да се препознае врската меѓу миграцијата и овие терористички напади. Порано такви напади не се случуваа, но сега се случуваат, изјави Орбан на годишната прес-конференција во Будимпешта.
Сепак, унгарскиот премиер нагласи дека „треба да почекаме неколку дена“ пред да донесеме заклучоци.
– Мора да се напомене дека овие напади се случуваат само од мигрантската криза, рече тој.
Најмалку пет лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени во напад со автомобил на божиќен пазар во германскиот град Магдебург.
– Во Брисел има либерална елита, но има и противење на нив. Унгарија е дел од таа опозиција и затоа ја казнуваат со милион евра дневно, бидејќи ја штити Европа од она што се случи на пример во Магдебург, рече Орбан.