Орбан: Унгарија не треба да го усвои еврото бидејќи ЕУ се распаѓа

Орбан во интервју за економскиот портал „EconomX“ изјави дека моменталната каматна стапка на централната банка од 6,5 проценти е „повисока отколку што би можела да биде“.

од Vladimir Zorba
10 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија не треба да го усвои еврото бидејќи Европската Унија „се распаѓа“.

Орбан во интервју за економскиот портал „EconomX“ изјави дека моменталната каматна стапка на централната банка од 6,5 проценти е „повисока отколку што би можела да биде“.

Тој оцени дека намалувањето на каматните стапки ќе дојде „побавно отколку што би сакале“, бидејќи гувернерот на централната банка Михаљ Варга е „претпазлив човек“.