Орбан: Унгарија сака рамноправна соработка со Република Српска

од Vladimir Zorba
359 прегледи

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан изјави дека Унгарија сака соработка со Република Српска како рамноправни партнери.

– Сакаме брза европска интеграција на Република Српска. Ние Унгарците гледаме какви битки води РС внатре во Босна и Херцеговина. Ги разбираме тие дискусии. Ние сме и борбена нација и знаеме колку е потребна енергија и внимание – изјави Орбан во Бања Лука, пренесе РТРС.

Тој рече дека Унгарија не води политика на санкции, велејќи дека Будимпешта е против тоа.

Орбан истакна дека му рекол на претседателот на РС, Милорад Додик дека унгарската делегација „дошла на Запад“.

– Сега дојдовме на Запад. Ако ја погледнете мапата, Бањалука е запад. Требаше одамна да бидете во Европската Унија – изјави Орбан.

Тој посочи и дека Унгарија секогаш економски ќе и помага на Српска.

– Можете да бидете успешни и Унгарија ќе помогне во тоа. Соработката меѓу РС и Унгарија ја гледам како соработка меѓу еднакви партнери. Сакаме да бидеме доверлив партнер на Српска – рече Орбан.

Слични содржини