Орбан: Унгарија целосно го поддржува пристапот на Албанија во ЕУ

од Nikola Popovski
156 прегледи

Унгарија е целосно посветена на поддршката на пристапот на Албанија во Европската унија што е можно поскоро, изјавил денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан по разговорите со албанскиот колега Еди Рама.

Орбан на прес-конференцијата реколдека Унгарија го поддржува приемот на Албанија во ЕУ и затоа што членството на земјата во ЕУ би им служело на интересите на Унгарија, објави „МТИ“.

Без изгледите за членство на Албанија, безбедноста на континентот не може да се гарантира во политичка или економска смисла, додал тој.

Рама ѝ се заблагодарил на Унгарија за поддршката на Албанија на нејзиниот европски пат, наведува унгарската новинска агенција.