Орбан: Во Европа има замена на населението, белата, христијанска, свесна за традицијата личност, станува сè поретка

од Milan1
2,2K прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го опиша новото водство на Европската унија, заедно со можниот втор мандат на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, како „коалиција за војна и миграции”

Во интервју за унгарската јавна радио и телевизија во петокот, Орбан рече дека „сè повеќе левичарската“ коалиција на конзервативците, социјалдемократите и либералите, која има мнозинство во новиот состав на Европски парламент, веќе постигнала договор за ново водство на блокот.

На неформалниот состанок на челниците на земјите членки на ЕУ во понеделникот во Брисел не е постигнат договор за распределба на водечките функции во европските институции по изборите за Европскиот парламент на 9-ти јуни.

Сепак, Орбан рече дека тоа е „натпревар кој веќе е одигран“. „Во Европската унија се појави коалиција која поттикнува војна, против бизнисот и за миграцииите“, додаде унгарскиот премиер.

Како лидер на конзервативната Европска народна партија (EPP), која освои најмногу места во Европскиот парламент, Германецот Манфред Вебер ја одигра „улогата на (демонот) Белзебуб“ во формирањето на оваа коалиција, според Орбан.

Вебер е „стар непријател и криминалец за Унгарија“, а Фон дер Лајен му е „само мал министер“, рече унгарскиот премиер.

Коалицијата на „Веберјанците“ ќе го спроведе таканаречениот „План на Сорос“, додаде Орбан. Според овој план, Џорџ Сорос, американски милијардер и берзански шпекулант од европско потекло Унгарија по сопствено признание со сомнителна криминална младост во времен на нацистичката окупација, се обидува да ја преплави Европа со мигранти за да ги лиши европските земји од нивниот христијански и национален идентитет.

„Во Европа има замена на населението. Бела личност, христијанска, свесна за традицијата, да речеме европска, станува сè поретка, а бројот на увезени мигранти се зголемува“, продолжи Орбан.

Радио интервјуто со Орбан е снимено во Берлин. Германскиот канцелар Олаф Шолц треба да се сретне со Орбан на разговори подоцна во петокот. На 1-ви јули Унгарија го презема претседавањето со Советот на ЕУ.

Слични содржини