Орбан во одбрана на Трамп: Знам дека е чесен човек, секогаш Америка ја ставаше на прво место

од Milan1
480 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан застана во одбрана на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, откако тој стана првиот претседател на САД осуден за кривично дело.

„Знам дека претседателот Доналд Трамп е чесен човек. Како претседател, тој секогаш ја ставаше Америка на прво место, имаше почит низ целиот свет и тој го користеше тој почит за да изгради мир“, напиша Орбан на мрежата X. „Народот нека ја донесе својата пресуда овој ноември!“, напиша Орбан.

Поротата во Њујорк го прогласи Трамп за виновен по сите 34 точки од обвинението за плаќање на порно ѕвезда да молчи. Тоа е прв пат во историјата на САД актуелен или поранешен претседател на САД да биде прогласен за кривично виновен.

Слични содржини