Орбан за шалот со Голема Унгарија: „Да сакав да провоцирам, ќе го направев тоа подобро“

од Stefanija Kuzmanovska
172 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан одржа прес-конференција во Будимпешта. Новинар го праша дали шалот што го носел во ноември, на кој имаше карта на Голема Унгарија, бил провокација.

„Тука нема ништо посебно. Ова е земја стара 1100 години, опкружени сме со историски симболи. Ако сакав да провоцирам, можев да најдам многу подобар начин да го направам тоа. Секогаш правам јасна разлика помеѓу она што тие го нарекуваат голема Унгарија и она што јас го нарекувам историска Унгарија“, изјави Орбан.

Да потсетиме, во ноември, за време на пријателскиот натпревар меѓу репрезентацијата на неговата земја и репрезентацијата на Грција во Будимпешта, унгарскиот премиер Виктор Орбан носеше шал со мапа на Голема Унгарија околу вратот.

На шалот се насликани границите на поранешното Кралство Унгарија, кое ги опфаќа денешна Австрија, Хрватска, Романија, Србија, Словачка и Украина. Мапите на историскиот регион вклучуваат територии кои Унгарија ги изгубила во 1920 година со Договорот од Тријанон, по Првата светска војна.

Слични содржини