Орбан: Забрзаното членство на Украина во ЕУ нема да ја зајакне нашата Унија

Членството во Европската Унија не е безбедносна гаранција, туку процес базиран на заслуги, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, реагирајќи на изјавата на финскиот претседател Александар Стуб дека најсилната гаранција за безбедноста на Украина е членството во ЕУ

од Vladimir Zorba
11 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Франс24

Членството во Европската Унија не е безбедносна гаранција, туку процес базиран на заслуги, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, реагирајќи на изјавата на финскиот претседател Александар Стуб дека најсилната гаранција за безбедноста на Украина е членството во ЕУ.

„Членството во ЕУ не е безбедносна гаранција, туку процес базиран на заслуги. Доколку тоа беше навистина најсилната гаранција за безбедност, тогаш Финска немаше да има причина да се приклучи на НАТО. Забрзаното членство на Украина во ЕУ немаше да ја зајакне нашата Унија – тоа директно би донело закана од војна во неа. Ние предлагаме поразумен пристап“, рече Орбан во објава на мрежата X.

На заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев, Стуб вчера изјави дека најсилната гаранција за безбедност и најсилниот пример за стратешкиот пораз на Путиновата Русија е членството на Украина во ЕУ.