Орданоски: Димитриевски ќе биде грутка земја во чевелот на Мицкоски, бидејќи е порадикален во некои ставови

од Илинка Илиоска
500 прегледи

„Следејќи ги изјавите на Борисов, кој во моментот има најголем рејтинг во Бугарија, а може да се случи да биде уште постабилен во следната влада. Тој му праќа праќа порака на Мицкоски – ние сме многу добри пријатели, поминаа изборите, намалите со темпо со провокации.

Неговата изјава намерно е направена дрска“ рече новинарот и аналитичар Сашо Орданоски на поткастот „Политиканти“ на Слободен печат. Тој додаде дека доколку ситуацијата е поинаква и Борисов дава помеки изјави, Мицкоски ќе има простор да каже дека ситуацијата во Бугарија е променета и дека може да се прифатат уставните измени.

„Ако е тоа подготовка за тој терен, Мицкоски, мислам дека Борисов ќе му испостави друга сметка на него. Сметката ќе биде да го покани СДСМ во Владата”, рече Ордановски. Тој додаде дека СДСМ според негово мислење е многу позгоден партнер во Влада отколку Максим Димитриевски.

„Максим Димитриевски ќе му биде не камче у чевел, туку грутка од земја во чевелот на Мицкоски. Максо е порадикален во некои ставови а Мицко ќе има потреба понекогаш да биде и прагматичен. Ќе има потреба да проголта понекоја кнедла“ посочи Орданоски.

Слични содржини