Ордановски: Со откажување на европската перспектива на голема врата ги враќаме меѓуетничките проблеми

од Илинка Илиоска
592 прегледи

„Овде кризите доаѓаат и тие се најволантни кога има нарушени меѓуетнички односи. Сега ги враќаме поради откажана перспектива со Европа. Ги враќаме на голема врата“ рече аналитичарот Сашо Ордановски на поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Тој додаде дека на таа врата шанса да чукне добива ДУИ, која е голема и сериозна партија, нервозна и исплашена, но сепак моќна да влијае врз процесите.

„Во влада ќе влезе еден Влен, кој ќе биде противречен коалиционен партнер, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ја кочи главната агенда ради која се гласало за Влен, европските интеграции, покрај праќањето на ДУИ во опозиција“ рече Ордановски.

Тој додаде дека освен СДСМ, сите други партии на сцената кај Македонците се порадикални од ВМРО-ДПМНЕ, што дополнително ја влошува ситуацијата.

Слични содржини