
Модифицирани срца на свињи можат да бидат трансплантирани на луѓе само за неколку години, вели хирургот кој ја извршил првата успешна трансплантација пред 40 години во Велика Британија.
Говорејќи на 40-годишнината од неговата револуционерна операција, Сер Теренс Инглис изјави дека неговиот поранешен асистент од 1979 година ќе се обиде да замени човечки со свински бубрег подоцна оваа година.
Експертите веруваат дека ова може да постави основа за посложени трансплантации на животински органи во човечкото тело, во процес наречен ксенорансплантација.
„Ако резултатот од трансплантација на бубрег ос свиња на човек е задоволителен, голема е веројатноста дека ќе можеме да го сториме истото за неколку години со срце“, изјави 87-годишниот Англичанец за „Сандеј телеграф“.
„Ако тоа функционира со бубрезите, ќе функционира и со срцето … Ќе промени сè што е поврзано со трансплантациите“, објасни тој.
Срцето на свињите има многу слична анатомија со човечкото, па затоа се користи како модел за развој на нови третмани. Срцевите заболувања во моментов се сметаат за глобален проблем, кој прерасна во пандемија која зафаќа најмалку 26 милиони луѓе ширум светот.
Научниците се надеваат дека употребата на вакви срца би можела да придонесе за развој на револуционерен метод за човештвото да се справи со кардиоваскуларните заболувања.