Русин приведен поради организирање патувања за ЛГБТ+ лица е пронајден мртов во истражен затвор, соопшти денеска група за човекови права. Андреј Котов, директор на туристичката агенција Мен Травел, минатиот месец бил обвинет за „екстремистички активности“.
Рускиот Врховен суд го забранил, како што го нарекува, „меѓународното ЛГБТ движење“ кон крајот на 2023 година, отворајќи го патот за можност за правна постапка против оние за кои властите веруваат дека се приклучиле на движењето.
Според невладината организација за човекови права „ОВД-Инфо“, повикувајќи се на адвокатот на Котов, истражителите соопштиле дека тој извршил самоубиство рано утринава додека бил во истражен затвор. Котов (40) информирал дека неговиот клиент бил претепан при апсењето минатиот месец.
И руската државна новинска агенција РИА Новости објави дека Котов извршил самоубиство во затвор.
Русија во последниве години ги зголеми репресивните закони против ЛГБТ луѓето, а претседателот Владимир Путин претходно го опиша нивниот начин на живот како декадентен.